И на плус 40 Целзиусови степени, градежниците активно работат и покрај препораките да не се работи на отворено кога е најжешко, особено од меѓу 11 и 17 часот. На одредени места камерата на Алфа забележа работници кои во униформа ги извршуваат работните задачи и тоа точно напладне кога температурата е екстремно висока. Сликата на некои места во Скопје е алармантна, и се работи и кога е најжешко.

И додека гради ги тераат своите работници да работата на сонце, Синдикатите алармираат дека државата мора да ги почитува препораките, но и инспекцијата поактивно да работи и да постапува по пријавите кои постојано пристигнуваат. Од синдикатот додаваат и дека некои градежни работници се плашат и да пријават, за да не добијат отказ.
Во меѓу време, инспекторите се на терен. Прават проверки, но и канзуваат, велат за Алфа од трудовата инспекција.

Но, по сликата на некои места очигледно е дека до некој работодавачи препораките не допираат, а не стигнуваат ниту казните. Само минатата недела, државните инспектори за труд извршиле 30 инспекциски надзори, од кои 26 биле вонредни. Четири градежни компании биле казнети, зашто ги терале луѓето да работат во услови на топлотен бран.
Инаку, Македонија „ќе гори“ и следната недела, а со топлотен бран се бори и Европа, на некој места термометарот достигнува и до 50 Целзиусови степени.





