Македонија е една и грчка, како што ја опиша Константинос Караманлис. Не го даваме грчкиот термин „Македонија“. Постојат словенски термини, како што е Вардарска, што може да се користат и кои нема да го содржат терминот Македонија и која (ги прифаќаме, истакна претседателот на Независни Грци и министер за национална одбрана, Панос Каменос, во својот говор во Националниот совет на АНЕЛ .
Ниту „нова“, ниту „горна“ Македонија како додавка.
Каменос изрази апсолутна доверба во министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, додавајќи дека ако АНЕЛ не се согласи со предлогот за името, тој ќе побара свикување состанок на Советот на политички лидери.
Тој истакна дека единствената надеж за соседната земја е да се најде решение кое нема да ја повреди Грција.





