Амбасадорот на Италија во Македонија Андреа Силвестри, предизвика дипломатски инцидент откако јавно го предвиде исходот на владината иницијатива за промена на уставот со цел влез на Бугарите во него.
Дипломатскиот гаф на италијанскиот амбасадор Силвестри кој го прејудицира исходот на иницијативата за уставните измени го прави во интервју за охридската локална телевизија ТВМ за која најавува дека Македонија во иднина ќе има 13 заедници во уставот со што укажува дека за него уставот сигурно ќе биде сменет.

Подоцна во интервјуто амбасадорот вели дека дебатата е се уште отворена но најавувајќи дека работите ќе се сменат без да остави простор за можен неуспех на дебатата тој прејудицира сигурни уставни измени иако знае дека власта нема мнозинство за тоа.
Изјавата на Силвестри според Виенската конвенција за дипломатија може да се толкува и како мешање во внатрешните работи на Македонија и вршење притисок врз законодавниот дом.
Целото интервју на Силвестри е објавено во вестите на ТВМ од Охрид на овој линк






