Македонија на +40°C

Продолжува долгото жешко лето, а максималната температура денеска ќе достигне од 34 до 40 степени, додека УВ-индексот ќе биде 9.



Во Скопје сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец и максимална температура ќе достигне 39 степени.

За утре во попладневните и во ноќните часови, се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

На некои места можно е невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен за шест часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време…