Малолетник и 33 годишна жена загинаа во сообраќајка

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани, загинале малолетник и 33-годишнаата Џ.С. од прилепското село Канатларци.



Тие биле сопатници во патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од село Канатларци, кое излетало надвор од коловозот.

Повредените биле пренесени во Општата болница Прилеп, но жената им подлегнала на повредите во прилепската болница, а малолетниот бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но починал при транспортот, а смрт констатирал лекар.

Возачот С.С. и уште двајца малолетни сопатници во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди.