„На ова место кое нè потсетува на важноста на заедништвото и простувањето и не потсетува да живееме со чисто срце, со силна вера и душевен мир, го пречекав мојот драг пријател Стево Пендаровски. Ова ќе биде можност да продолжиме со нашите дискусии за натамошно зајакнување на братските односи меѓу Србија и Македонија“, напиша претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој го прими македонскиот колега, Стево Пендарвоски, со кого денеска го посетија манастирот Свети Прохор Пчињски и им се поклонија на моштите на овој светител.
„Секогаш кога ќе дојдам кај Прохор Пчињски овде се е се поубаво! Самиот манастир со векови ја споделуваше судбината на нашиот народ, претрпе разурнувања, но и воскресна од пепелта, се спротивстави на искушенијата, беше собиралиште и столб на одбраната на нашата вера и дух“, напиша Вучиќ на инстаграм.






