Бугарија и РСМ можат и треба заедно да ги решаваат отворените прашања во билатералните односи. Тоа го очекуваат граѓаните на двете земји и тоа е во име на заедничката иднина во Обединета Европа, вели бугарскиот претседател Румен Радев.
Изјавата е по повод 120-годишнината од , како што информираат од прес-центарот на претседателот, Илинденско-Преображенското востание и државниот празник на Македонија Илинден – Денот на Републиката.
За Бугарија Илинденското востание било кренато за ослободување на бугарите (ВИДЕО)
Шефот на бугарската државата истакна дека Илинденско-Преображенското востание е обележје во заедничкото историско и културно минато на Бугарија и РСМ.
„Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете земји и нивните граѓани“.
Според неговите зборови, денес го препознаваме одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци во основните права кои се основата на Европската унија.
Радев изрази поддршка за желбата на РСМ за влез во ЕУ, посочувајќи дека РСМ мора да ги исполни критериумите за членство, како и обврските преземени на патот кон членство во ЕУ.
Радев посочи дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи.
„Постигнатите договори меѓу Бугарија и РСМ за заедничко одбележување на настаните незаборавни за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување“, смета претседателот.






