За прв пат во македонската историја владата го слави големиот национален празник Илинден без народ.
Владината прослава денеска на 2 Август се случува на скопското Кале каде освен функционери на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците нема народ.
Владата за прв пат организира прослава на Калето кое нема никаква врска со Илинден, најверојатно затоа што оваа локација која вообичаено е отворена за граѓаните сега најлесно можела да биде затворена со цел никој освен владините функционери да не може да дојде на прославата.
Дали власта се плаши од соочување од народот, дали се плаши дека дека може да дојде до инциденти со присутни граѓани незадоволни од начинот на владеење или се работи за трета причина нема објаснување од владината коалиција.
На својот Јутјуб канала владата ја пренесува церемонијата на Кале на која нема обични луѓе туку само функционери.
https://www.youtube.com/live/Y8iuzjBit7Q?feature=share
Поврзани вести
Затоа ли Ковачевски и Груби во Скопје се сокрија од народот?
,,Уааа” – Власта на Мечкин Камен си помина како ,,боса по трње” (ВИДЕО)
Молчи МНР, молчат Османи, Ковачевски, Пендаровски.. а молчењето значи одобрување
За Бугарија Илинденското востание било кренато за ослободување на бугарите (ВИДЕО)






