Фудбалерите на Струга Трим Лум испишаа историја во осумгодишното постоење на клубот со пласманот во полуфиналето од квалификациите за Лигата на конференциите на УЕФА, и тоа со триумф од 4:3 против Будуќност во Подгорица, а славеа и во првиот натпревар во Охрид со 1:0.



Следен противник на шампионот на Македонија е Есперанж од Луксембург, кој го елиминира ТНС од Велс со вкупен резултат 4:3, откако вечерва победи дома со 3:2. Првата средба со Луксембуржаните е на 10 август на домашен терен, а возвратната седум дена подоцна на гостински.

Марјан Радески е јунакот на стружани во реваншот со црногорскиот првак, постигнувајќи хет-трик со головите во 13., во 45+3 и во 74. минута, а преостанатиот погодок за гостите во 66. минута беше дело на Бесарт Ибраими, единствениот стрелец на првиот меѓусебен дуел на стадионот „Билјанини извори“.

За прволигашот на некогашна Југославија погодија Ѓуричковиќ во 7. минута, Аџиќ во 45+9 минута и Секуловиќ во 82. минута.