Демократско движење е името на партијата која Изет Меџити ја најави неодамна, а официјално ќе биде промовирана на 13 ти август.
– Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk – соопштија од движењето.
Меџити беше еден од предводниците на т.н. „огнена група“ во ДУИ. Пратениците од редовите на „огнената група“ во ДУИ, Меџити и Мерита Коџаџику, од пред неколку дена официјално се како независни пратеници во Собранието.






