Убава, во еден куп лоши вести – УЈП почна со исплата на “МОЈ ДДВ” за последните три месеци

Денеска на илјадници македонски граѓани кои скенираат фискални сметки им пристигна прилив од повратолот на данок преку проектот „МојДДВ“ за второто тримесечие. Граѓаните да ги проверат сметките бидејќи Управата за јавни приходи започна со исплата на парите од „МојДДВ“. Се работи за скенираните сметки во месеците април, мај и јуни.



Со „МојДДВ“ граѓаните помагаат во сузбивањето на сивата економија, но и добиваат поврат на ДДВ во висина до 2.100 денари.

Од неодамна илјадници граѓани преку скенирање на сметки може да дпбијат до 2.100 денари за едно тромесечие, тоа за едно семејство се над 8.000 денари.