Скопје не се развива по програмата „За модерно Скопје“ туку Скопје е темен град, град заробен од неспособноста на Данела Арсовска која со нејзиното водење на градот го уназади истиот во сите сегменти, вели Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во изјава дадена од пред Зоолошката градина во Скопје осврнувајќи се на последните случувања поврзани со поморот на животни во „ЗОО Скопје“.

– Умешно низ пр пропаганда се сокриваат причините. Пред само 24 часа скопје ЗОО ги загуби 3-те коњи од расата „прежевалски коњ“ кои важат за едни од најретките коњи во светот и се вистинско богатство и раса која е пред исчезнување и заштитена со закон. Јавно сакаме да ја прашаме установата Скопје Зоо и Данела Арсовска како одговорна, ако на секои 3 месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис, прашуваат од ВМРО–ДПМНЕ.
Од партијата побараа итна истрага за случувањата во оваа установа, и ја повикаа Арсовска да се врати веднаш од скапите патувања низ европските метрополи и за сето ова кое се случува во скопската Зоолошка градина целиот тим кој таа го постави со менаџерски скапи договори за плата, веднаш да си понесат одговорност и да поднесат неотповикливи оставки.





