Каракамишева: До тој степен се неуки и недоветни…

Професорката Тања Каракамишева реагира на наводните оставки на министрите на ДУИ кои наводно денеска ќе бидат доставени до премиерот Димитар Ковачевски и кои наводно ќе биле со одложено дејство односно, наводно ќе стапеле во сила кога ќе биле изгласани уставните измени во Собранието.



„До тој степен се неуки и недоветни што поднесуваат оставки на погрешно место.

Кој ве избра министри, Ковачевски или пратениците?

Кој ја избира Владата?

До кога со финтиве ќибритчиски (шибицерски н.з.) за на пазар?- објави Каракамишева на Фејсбук