Колозова лута за пренесен статус за Мицкоски, најави дека ќе гласа за ДУИ

Професорката Катерина Колозова е незадоволна што порталот Фактор.мк и пренесол статус во кој споделува став на СДСМ и го навредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Колозова се лути што порталот и ги пренесол нејзините зборови кои јавно ги објавила и најавува дека во иднина ќе гласа за ДУИ.

,,Фактор, прво тоа е приватен статус на приватен профил, кај што не изјавувам ништо во официјално својство. Второ, статусот вика дека “имам такви пријатели”. Не зборува за мнозинството, бидејќи таква анкета не сум правела – фејсбук статус сепак е бош муабет. На сите коментатори-вмровци: без гајле, “лудата коза” ќе си иде, и тогаш од некоја амбасада ќе гласам за.. ДУИ!”, пишува Колозова во реакцијата за пренесениот статус.

Во пренесениот статус таа користи вокабулар кој го користи и СДСМ и вели дека Мицкоски треба да си оди.

,,За доброто на ВМРО тој нехаризматичен пулен на Грујо – да си оди. Имате ликови за лидери таму, кај го избравте овој. Ене, Јанушев – немам проблем да го гласам. Александар Спасеновски, Оливер Шамбевски… ама чекај, овој ги маргинализираше сите овие луѓе или со харизма или ум или двете заедно. Бтв, жени ви фалат. Инаку, со Мицковски, ни вмровци не ве гласаат – сум прашала, бар тие ја што ги знам- не. Ќе апстинираат, ради “лидерот’ ви”, пишува Колозова.

Според сите објавени анкети Мицкоски е убедливо најпопуларен македонски политичар а неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник на следните парламентарни избори.

Колозова заедно со Зоран Иванов, Ненад Јовановиќ и Џабир Дерала важи за една од најголемите апологети на СДСМ и најголем критичар на ВМРО-ДПМНЕ.