Претседателот на Боливија Луис Арсе ќе присуствува на самитот на БРИКС следниот месец во Јужна Африка, бидејќи јужноамериканската земја бара посилни партнерства и инвестиции за да го поттикне извозот на суровини и да ја развие својата индустрија за литиум,пренесува Ројтерс.
Арсе ќе им се придружи на високите претставници од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка на годишниот состанок на геополитичкиот блок на 22-24 август во Јоханесбург, каде клучно прашање за дискусија ќе биде дали да се примат нови земји-членки.
Јужна Африка бара дозвола да не го апси Путин за да избегне војна
Повеќе од 40 земји изразија интерес за приклучување кон групата БРИКС.
Иако официјалната листа не е објавена, земјите кои покажаа интерес во минатото се од Саудиска Арабија, Аргентина и Египет до Иран, Куба и Казахстан.







