Политички маневар се наводните понудени оставки на министрите од ДУИ со церл да се дефокусира јавноста од скандалот со Соравиа, со аудито и слично, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.



„Многумина тоа го нарекоа потег, но јас се чудам зошто во суштина се придава значање на нешто кое во најмала рака не е ништо, зошто тоа нешто не е ништо“ вели Мицкоски.

„Денеска слушнавме од Бујар Османи дека тие утре лично ќе ги потпишале оставките со одложено дејство и ќе ги ставеле на маса кај мандатарот, кај премиерот Димитар Ковачевски. Такво нешто правото, процедурите не познаваат, таква методологија, таков начин на поднесување нити пак правото, ниту пак процедурите во Македонија согласно тоа кое што се прописи, закони и процедури не познава.

Ова е чисто некој политички маневар за да се дефокусираме, да не збориме сега за аудито, за Соравија, да не збориме за имот по западна Македонија и така натаму, а од друга страна еве направиме нешто кое што нас ке ни купи уште некој ден повеќе па потоа ќе има нешто друго и така натаму“, вели Мицкоски.