На брза лента – Измените на Законот за ДДВ со „европско знаменце“ поминаа низ комисискиот филтер

Како на брза лента – Измените на Законот за ДДВ со „европско знаменце“ поминаа низ комисискиот филтер. Експресно со одбивање на двата амандмани предложени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на продолжението на 59-тата седница на Комисијата за европски прашања беа усвоени иземните на Законот за данок на добивка.



Опозицијата со првиот амандман предложи да се избрише членот 4 од Предлог-законот и членот со кој се предвидува обврска за плаќање на петкратен износ на данок во случај кога даночниот обврзник не може да докаже дека даночното ослободување го искористил за вложување во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста. Со вториот амандман се бараше бришење на членот пет од Предлог-законот и да продолжи постојниот модел за финансирање на спортот.

Со ова пакетот законски измени за даноци оди на собраниска седница, минатата недела комисискиот филтер го поминаа и предлог Законот за данок на солидарност и измените и дополнувањата на Законот за ДДВ – сите по скратена постапка.

И покрај бурните реакции од страна на бизнис заедницата, власта не се откажа, а парите кои треба да се слеат во државната каса од овие закони веќе се испланирани во Буџетот за оваа година. А само со данокот на солидарност, еднократниот данок на дражвата треба да и се донесе приход од 80 милиони евра. Инаку освен слоидарниот данок кој треба да опфати близу 200те компании, со изменит во ДДВ-то околу 4 илјади производи од 5 ќе треба да се даночат со 10 проценти.