МИА на трет протест, Владата не одговара на барањето за повисоки плати

МИА на трет предупредувачки протест оти Владата уште не одговори за нивното барање за зголемување на платитњ. Вработените излегоа на предупредувачки протест за време на паузата за да ги повторат барањата од кое најитно е зголемување на платите за 30 проценти и порамнување со трошоците на живот.
МИА дневно продуцира околу 400 вести на македонски, на албански и на англиски јазик и е главен извор на вести во медиумскиот простор како во државата, така и во регионот.



Вработените во МИА се надеваат дека набрзо ќе има позитивна разрешница на нивното легитимно барање за зголемување на платите.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници оценува дека барањата на вработените во МИА се легитимни и дава целосна поддршка, бидејќи слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против лажните вести се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати.