Кредитите стануваат се поскапи за македонските граѓани, но и за фирмите. Народна банка на Македонија ги објави најновите податоци за јуни годинава, кои говорат дека вкупните кредити поскапеле, а ако е за мала утеха, сосема малку, односно минорно, поевтинеле новоодобрените кредити.
Банките, сепак, бидејќи имаат ликвидност, нудат различни кампањи за кредитирањето да го направт подостапно за граѓаните, особено кога странува збор за станбените кредити. Причина за тоа е високата инфлација, која ја принуди Народна банка на Македонија во неколку наврфати да ја зголемува основната камата.

Во јуни 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечен раст од 0,03 процентни поени и изнесува 5,12 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,85 поени.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни е намалена за 0,06 процентни поени на месечна основа и изнесува 5,26 отсто, додека на годишна основа бележи раст за 1,27 процентни поени, соопшти централната банка.





