ВМРО-ДПМНЕ: Освен ДУИ, оставки треба да си поднесат и министрите од СДСМ и да одиме на брзи избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш го повтори ставот дека уставни измени нема да има. Ставот на партијата останува непоромент ниту по условените оставки што вчера ги поднесоа министрите на ДУИ во Владата, како и по најавата на првиот вицепремиер Артан Груби дека се подготвени да се откажат од привремена влада на 100 дена пред избори на чело со премиер Албанец.



Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

За потсетување, вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

На оваа тема денеска на прес-конференција говореше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој во одговор на прашања од медиумите рече дека освен ДУИ, неотповикливи оставки треба да си поднесат и министрите од СДСМ и да се оди на брзи предвремени избори.

„Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ако сака Артан Груби, веднаш нека си поднесе оставка, но проблем не е само ДУИ, туку и СДСМ да поднесат оставки, но неотповикливи и да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи сè друго е одолговлекување и играње играчки“,

Коментарајќи го потегот на ДУИ, тој додаде дека е добро тоа што ДУИ по 20 години на власт е подготвена да замине во опозиција „од каде што ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност.

рече Стоилковски.

„Во однос на изјавата на Артан Груби, мислам дека потешко им е СДС отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер“,

рече Стоилковски.

Во изјавата на која реферира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, првиот вицепремиер на Владата вели дека за иднината на нашата земја ДУИ е подготвена да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец. Од сé што е политички договор на коалицијата, вели Груби во интервју за косовската телевизија Т7, ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени.