Блискиотр соработник и сојузник на Путин, Дмитриј Медведен, одново се закани со употреба на нуклеарно оружје:
„Ако замислиме дека украинската контраофанзива успева со поддршка на НАТО и дека тие окупираат дел од нашата земја, тогаш врз основа на правилата на указот на претседателот на Русија од 6 февруари 2020 година, би морале да употребиме нуклеарно оружје“.
Медведев, поранешен руски премиер и претседател вењли дека нема друг излез.
„Затоа нашите непријатели мора да им се молат на нашите воини. Тие не дозволуваат да се запали глобалниот нуклеарен пожар“.
Изјавата доаѓа само неколку часа откако украинските беспилотни летала ја погодија руската престолнина Москва, но Медведев не го ни спомна инцидентот.
Во соопштение претходно овој месец, Медведев, исто така, постави застрашувачки ултиматум до Украина.
„Или преговори или нуклеарен напад!“, рече тогаш.






