Кај 27-годишна пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби бил откриен причинител на конго-кримска хеморагичка треска откако била касната од крлеж, по што починала.
Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информираше дека 27 годишна жена од с. Кучица, Штип, поради брзо напредување на болеста – починала истиот ден, на 27 јули.
„Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.
Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).
Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите биле нергативни.
Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.
Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.
ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.






