Пратеникот на БСП и поранешен министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин, категорично го осуди инцидентот со гугарските навивачи во Скопје во четвртокот и посочи дека партиите кои минатото лето го укинаа ветото против Македонија веќе се каат за својата постапка.
„Ова што го гледаме, е дека од македонска страна тоа беше сфатено како уште една отстапка од Бугарија.
Мислам дека оние кои толку ентузијастички гласаа за пад на ветото и усвојување на т.н. Француски предлог, денес сфаќаат дека згрешиле“, одговори Вигенин на прашање на News.bg.
За инцидентот со навивачите на Левски тои рече дека тоа е природен резултат на севкупната атмосфера на билатералните односи меѓу Софија и Скопје, што не е вина бугарската страна.
„Најсилниот политички сигнал е да се надминат пречките и да се вклучат Бугарите во уставот на РСМ, како што е преземена обврска од македонска страна.
И се надеваме дека тоа нема да биде претставено како некаков компромис од страна на македонска страна, но како чекор во подобрување на билатералните односи“, рече и Вигенин.







