Вметнувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот не е техничка работа, потсетува професорката Мирјана Најчевска во објава на Фејсбук.
„Исто како што не е техничка работа на пример впишување уште една оцена во книшка.
Не велиме, ај кај 10 петки може уште четири. Кај другите таму и тие.
Станува збор за суштинска промена која го отсликува минатото на државата врз кое пак се темели нејзината иднина.
Во Уставот ништо не е техничка промена.
Токму затоа се бара посебно мнозинство“, потсетува Најчевска.






