Ова прашање го поставува професорката Мирјана Најчевска по изјавата на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, дека бунтот во Слупчане ќе се реши на ист начин како што беа решени и Арачиново и Сарај.



Да потсетиме жителите на Слупчане го условија ЕВН да им ги прости долговите, најголемите сметки да бидат 3.000 денари и новите куќи бесплатно да се приклучат за да им биде дозволен влез на екипите во селото.

„Нека објават каков договор е склучен со жителите на Слупчане.

И многу ме интересира какви договори се направени во Сарај и Арачиново.

И зошто се прават посебни договори само во места каде што е мнозинско население од конкретна етничка заедница?

Мислам дека овде треба да се вмешаат неколку надзорни тела ако останал еден единствен човек во нив кој не е купен или заплашен“, напиша Најчевска на Фејсбук.