Грчева бара од Ковачевски да ги каже по име и презиме „платените политичари“ против уставните измени

Поранешната пратеничка Солза Грчева реагира за посочувањето од премиерот Димитар Ковачевски на „руски ботови“ и „платени политичари“ како кочничари на промените на Уставот заради впишување и на Бугарите во него.



„Руски ботови и платени политичари ширеле хистерија против уставните измени – европеецот Таче

Барам по име и презиме да ги каже ‘платените политичари’, бидејќи платени и преплатени се политичарите од корумпираната власт. Другите, ама баш ич. Ниту жолта банка.

А за ‘руски ботови’ неќу ни да трошам зборови. Чиста небулоза!“, коментира на Фејсбук претседателката на партијата Глас за Македонија.