Велештанецот што со нож попладнево се обиде да го убие началникот на струшката полиција е член на ДУИ.
Тој доаѓа од семејство од тројца браќа, сите членови на ДУИ од кои едниот е член на
борд на директори на голема Телеком компанија каде државата има свои преставници.
Извори во ДУИ потврдуваат дека семејството на напаѓачот се членови на партијата но велат дека тоа не треба да се поврзува со инцидентот.
Нападнатиот началник на ОВР Струга Дритан Ајро е брат на обвинителот од СЈО Артан Ајро.
Артан Ајро за кратко време доби две унапредувања, прво беше избран за обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а сега оди во скопското Вишо обвинителство.
Засега не се познати мотивите за грозоморниот напад во кој напаѓачот со нож го прободел во врат началникот на ОВР Струга.
Полицискиот службеник е надвор од животна опасност.
Повеќе детали






