Двајцата адвокати Драган Пешевски и Јанаки Митровски ја канат целата власт на ТВ двобој и дебата со цел да се подобри состојбата во Македонија.
,Ајде бе цела влада, цела извршна власт, цело обвинителство, сите правосудни органи, сите партии, судски совет, непотисти, невладини, и остали буџетски паразити на клинч со мене и Јанаки Митровски каде сакаат, кога сакаат и на која тема сакаат, и на кој медиум сакаат. Ние учевме не само што е право туку и што е правда, па нека повелат!!! СЈО, 27 април, диво насеље, судски совет, обвинителски совет, преспански, француски, амнестија, селективна амнестија, абе на која сака тема зборете, дај да ја подобриме државава!!!”, стои во поканата на Драган Стари Пешевски за кого добродојден е секој политичар, активист, судија, обвинител и медиум што ќе се одважи, колективно, самостојно, групно да ја прифати иницијативата.
Пешевски и Митровски беа иницијатори на законот со кој се бараше амнестија за луѓето од 27 април но не се членови на политичка партија.
Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш Горан Момироски веќе понуди ТВ двобојот да се случи на фрекфенцијата на ТВ Алфа.





