Струга во шок: Среде чаршија со нож нападнат полициски началник

Најнова вест



Фатен велештанецот што се обиде да го убие началникот на ОВР Струга, објави портпаролот Стефан Димовски

Доцна попладнево во Струга се случил тежок инцидент во кој е нападнат началник на ОВР Струга.

Нападот во кој според очевидци е користено студено оружје се случил во централното градско подрачје.

По нападот напаѓачот веднаш се оддалечил од местото на настанот а на нападнатиот му помогнале луѓето што се нашле во непосредна близина.

Нападнатиот полициски началник според неофицијални информации од струшката полиција не е во животна опасност.

Струшката полиција веднаш почнала потрага по напаѓачот чиј идентитет е познат на органите на прогонот.

Причината за нападот засега е непозната.

Последна поврзана вест

Полициска блокада на струшкиот регион, напаѓачот на началникот на МВР е од селото Велешта