15 години се чека на нова позитивна листа на лекови

15 години не е обновена позитивната листа на лекови. Комисијата која после една деценија треба да одлучи кои нови лекови ќе се стават на позитивната листа допрва треба да бира претседател. Минисерот повторно со ист одговор, подготовките биле при крај.
-При крај се веќе подготовските има стручна комисија, само да назначиме Претседател на таа Комисија и веќе заинтересирани компании ќе почнат да аплицираат, 15 години не е ажурирана и целта е пациентите да добијат понова и поефективна терапија.“ – вели Фатмир Меџити министер за здравство.
Меѓу пациентите кои чекаат да биде обновена листата се и лицата со хепатит Б
„За жал за Хепатитис Б во интензивни преговори сме со Министерот за оваа проблематика, се надеваме дека таа листа наскоро ќе биде ревидирана и оваа група на пациенти ќе го добие соодветниот лек којшто сепак живот значи за оваа група.“ – вели Милан Мишковиќ претседателот на пациентското здружение „Хепар Центар – Битола“.
Истото го побараа и лекарите кои ги третираат овие пациенти.



„Добивањето терапија за Хепатит Б е нешто што треба да се поедностави, сега се по 50 евра и би можеле да го ангажираме Министерот за да влезе на позитивна листа.“ – вели проф. Д-р Калина Старделова Гривчева директорка на Клиника за гастроентерохепатологија.
За пациентите со Хепатит Ц веќе е достапна современа терапија.

Извор : https://24.mk/details/ushte-nishto-novo-za-pozitivnata-lista-na-lekovi-gra-anite-se-lechat-so-postara-generacija-lekovi7