Мизрахи до Ковачевски: На кого бре ти руски бот – Најблиску до Запад си стигнал до Црна Гора

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, жестоко му одговори на премиерот Димитар Ковачевски кој денеска обвини дека се руски ботови сите оние кои се против промена на Уставот под бугарски диктат.



-Димитар Ковачевски сега верувам дека твојата трајната неспособност била издржана уште за во 2000та. А бидејќи тешко разбираш да ти упростам. Ти продаден и преплашен греву немаш срам оти не можеш да го имаш. Во очај од стравот дека доаѓа денот да одговараш со тие околу тебе за корупција, криминал и дела против државата тропаш се и сешто незнаејќи каде повеќе. За грев.

На кого БРЕ ТИ руски бот. Најблиску до западот си стигнал до Црна Гора. Не туку тропај глупости туку кажи зошто војска го чува Идризово.

П.С. Повеќе за се што не знаеш, па тропаш, ќе може да ти прочитаат твоите ботови во книгата која е во подготовка – пишува Мизрахи.