
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова го коментираше инцидентот пред натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Левски“ во „Лице в Лице“ на бугарски медиум.
„Ова е дел од свесната политика на Северна Македонија кон бугарските граѓани, без разлика дали живеат на територијата на оваа земја или доаѓаат од Бугарија. За мене е необјасниво зошто нашето Министерство за надворешни работи веќе втор ден не реагира во каква било форма“, рече таа.
Вели дека постојат различни начини на кои тоа може да се направи.
„Најмалку е да се јавиме на амбасадорот на Бугарија во Скопје, за да ја знаеме информацијата од прва рака. Да ги поставиме нашите прашања до РСМ, до владата, до премиерот“, изјави Јотова.
Кажа дека во Македонија има сили кои сакаат да спречат вклучување на Бугарите во Уставот.
„Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов. Нашите услови се, се разбира покрај внесувањето на Уставот, почитување на договорот за добрососедство, како и двата протоколи потпишани од двете страни. Откако имаме редовна Влада во Бугарија јас не сум слушнала, дека тие запишани услови на Бугарија во протоколите се исполнуваа. Помина доста време, треба да се направи рекапитулација“, изјави Јотова.





