СДСМ ја поднесе во Собранието декларацијата за Илинденското востание

Пратеникот Дарко Каевски денеска информираше дека СДСМ ја поднесе Декларацијата за Илинден во Собранието за негово истакнување како најголем македонски државен празник.



– Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија. Сето ова е содржано во Декларацијата што денеска ја поднесуваме до Собранието, истакна портпаролот на СДСМ.

Тој очекува оваа Декларација наскоро да се најде пред пратениците и ги повика секој пратеник без разлика од која партија доаѓа, истата да ја поддржи и таа да биде усвоена од македонското Собрание.

СДСМ најави дека ќе достават Декларација во Собранието, откако бугарски парламентарни партии ова востание го декларираа како бугарско. Каевски најави дека тоа ќе го направи во вторникот, но требаше да поминат неколку денови повеќе.