Глигоров: Прво Слупчане да даде за Македонија па потоа Македонија да менува устав за ЕУ

Бизнисменот Венко Глигоров бара прво државата Македонија да влезе во Слупчане и да ги наплати долговите на селото за струја па потоа да се влегува во ЕУ со промена на уставот.



,,Прво да се интегрира Слупчане во Македонија, па Македонија да се интегрира во ЕУ.

Прво Слупчане да си ги плаќа обврските кон Македонија како сите нас, па Македонија да си ги ‘плаќа обврските’ кон ЕУ. (Слупчане кон Македонија мора да плаќа зошто троши, а Македонија кон ЕУ не мора зошто не троши а дава)

Прво да научиме од Слупчане за преговори, а потоа да преговараме со ЕУ”, порачува Глигоров кој наместо Македонија да коленичи бара земјата да си ги заштити своите интереси.

Каква врска има промена на уставот со неспособноста на власта да организира нормална држава, прашува бизнисменот кому не му е јасно дали луѓето од власта знаат што зборуваат кога даваат изјави.

,,Ќе не’ блокирале од ЕУ, ќе запрети Претседателон. Пред него се заканува и Премиерот. Дали мислат овие пред да даваат изјави или сончаница ги фатило од топлово?
Запретете им на Слупчане да ве видам. Е*аве неспособните”, пишува Глигоров кој одбива да биде предмет на закани од власта.