Хулиганите од Левски се пофалија дека на мечот со Шкупи ги потиснале ,,копилињата” (ВИДЕО)

Навивачите на бугарскиот фудбалски клуб Левски Софија се фалат дека во Скопје за време на мечот со Шкупи се судриле со македонската полиција при што успеале да го потиснат по што специјалците морале да се повлечат.



,,Имавме судир со ACAB откако провоцираа во нашиот сектор по што ги истуркавме надвор. Видео откако ги турнавме”, објавуваат навивачите на Левски преку чешкиот профил хулигани.cz.

Во речникот на навивачите ACAB е кратенка од фразата ,,All cops are bastards” односно ,,сите полицајци се копилиња”.

По судирите во Скопје беа притворени дваесетина навивачи а еден беше прободен со нож.

Поврзана вест

Бугарски п…и: Навивачите на Шкупи на чист македонски јазик им се обратија на гостите од Софија

Најчитани вести

Зошто СДСМ не сака да чуе за избори

Анкета на Брима го открива огромниот хендикеп на Ковачевски кон Мицкоски