Се бара притвор за стружанец, нападнал полицајци во – полициска станица

На 26 јули, стружанец влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да ги навредува поради одземено возило.
Кога тие побарале од него да го напушти објектот и да се легитимира, тој со лакт удрил еден од полицајците во стомакот и се обидел да побегне. Додека да го совладаат, осомничениот уште неколкупати го удрил полицаецот, нанесувајќи му повреди на раката, вратот и градите.



Заради извршеното дело со особена дрскост – напад врз полициски службеници во полициската станица – јавниот обвинител оцени дека постои можност осомничениот да го повтори делото или да се даде во .

Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор.