,,Сурати”: Пендаровски со недипломатски назив за наследниците на Фон дер Лајен и Мишел (ВИДЕО)

Претседателот на државата Стево Пендаровски со недипломатски назив ги нарече европските политичари кои идната година по изборите за европскиот парламент ќе бидат на чело на Европската Комисија и Европскиот совет.



За Пендаровски наследниците на Урсула Фон дер Лајен и Шарл Мишел се ,,сурати”.

Зборот сурат е со турско потекло кој нема директна негативна конотација но со него никогаш не се означуваат дипломати или други луѓе во позитивен контекст.

Во истото интервју Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека јавно лажела за да ги задоволи Бугарите.

Линк до целото видео на следниот линк

Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека лажела за да ги задоволи Бугарите