Избоденот навивач на „Левски“ е во стабилна состојба во болница во Скопје

Ова го јавуваат бугарски медиуми во врска со инцидентот пред натпреварот на бугарскиот клуб „Левски и „Шкупи“ во кој бил употребен и остар предмет, бугарскиот граѓанин со иницијали Д.А. се здобил со тешка телесна повреда.



19 фудбалски навивачи од Бугарија беа уапсени поради нарушување на јавниот ред соопшти синоќа македонското МВР.

Осуммина од бугарските навивачи беа приведени за насилство за време на фудбалскиот натпревар, двајца – за напад на полицајци, а останатите девет – за агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот, против приведените ќе бидат отворена постапка.

Службеници од полицијата во Скопје околу полноќ уапсиле и двајца навивачи на ФК Шкупи поради нарушување на јавниот ред и мир. Тие ќе бидат обвинети, јавува Њуз.бг.

Бугарското Министерство за надворешни работи уште синоќа соопшти дека биле информирани за бугарскиот државјанин кој беше повреден пред фудбалскиот натпревар во Скопје.

Бугарскиот амбасадор во Скопје навремено разговарал со локалните власти. Конзулот на Бугарија во Скопје уште синоќа го посетил повредениот бугарски државјанин во болницата каде бил примен на лекување, при што било констатирано дека нема опасност по неговиот живот.

Тензијата која започна пред натпреварот вчера во Скопје за време на самиот фудбалски натпревар беше пренесена на трибините и на теренот на националната арена „Тоше Проески“. Т

Натпреварот Шкупи-Левски заврши со победа 0:2 на гостинската екипа.