Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека лажела за да ги задоволи Бугарите

Објаснувајќи што било сменето во првата верзија на францускиот предлог кој владата лани првично го одби а по десетина дена го прифати, претседателот Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека лажела за да ги задоволи Бугарите.



Запрашан во ,,Само интервју” за Канал 5 зошто француската амбасадорка во Софија Флоранс Робин изјавила дека нема разлики во првата и втората верзија на Францускиот предлог, шефот на државата предизвика дипломатски инцидент.

Пендаровски со изјавата практично ја обвини амбасадорката на Франција дека свесно лажела за да ја задоволи бугарската јавност која според Пендаровски не била задоволна од втората верзија.

Со денешната изјава Пендаровски за амбасадорката Робин стори сериозен дипломатски прекршок затоа што е крајно невообичаено еден шеф на држава да обвинува туѓ дипломат дека јавно лажел.

Колку свесно или несвесно греши Пендаровски најдобар показател е што бугарскиот претседател Радев веднаш по прифаќањето на Францускиот предлог на амбасадорката и додели највисок бугарски орден за својата активност во Софија.

https://fb.watch/m2nq3TuUyU/?mibextid=Nif5oz

Поврзана вест

Сериозен удар за позициите на Мала Речица од нивниот кандидат за претседател

Агенцијата за национална безбедност контра Ахмети за ,,хибриден центар” против ДУИ