Инцидент во Судскиот совет, обезбедувањето спречило новинар да известува (ВИДЕО)

Новинарот на Телевизија Телма денеска беше жртва на вербален напад во Судскиот совет поради што не можеше да ја заврши својата работа на задача.



Павле Беловски, кој денеска известувал од седницата на Судски совет, во линковско вклучување во централното информативно издание бил спречен во извршувањето на својата работа, односно известување на јавноста.

,,На катот каде што се просториите на Судски совет, оддалечен од салата на Судски совет, и пред затворената врата, каде што беше поставен линкот, лица од обезбедувањето се обидоа да го прекинат линковското вклучување и да го спречат јавувањето во живо со порака дека тука не смее да се снима.

Откако линкот беше прекинат од вработените на Телма, новинар и снимател, кои ја следеа седницата, било побарано да се легитимираат, иако пред да се влезе во објектот уредно се легитимира секој кој ќе влезе со приложување личен документ”, објави ТВ Телма за инцидентот.

Новинарските организации со години укажуваат на овој проблем и на неколку средби со надлежното министерство беше соопштено дека службеници на МВР е недозволиво да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за што е потпишан и меморандум за соработка.

Новинарот Беловски е претседател на Синдикатот на македонските новинари.