Новинар на Телма вербално нападнат среде линковско вклучување од Судскиот совет

Новинарот на Телевизија Телма, Павле Беловски, кој денеска известуваше од седницата на Судски совет, во линковско вклучување во централното информативно издание беше спречен во извршувањето на својата работа, односно известување на јавноста.



На катот каде што се просториите на Судски совет, оддалачен од салата на Судски совет, и пред затворената врата, каде што беше поставен линкот, лица од обезбедувањето се обидоа да го прекинат линковското вклучување и да го спречат јавувањето во живо со порака дека тука не смее да се снима.

Откако линкот беше прекинат од вработените на Телма, новинар и снимател, кои ја следеа седницата, било побарано да се легитимираат, иако пред да се влезе во објектот уредно се легитимира секој кој ќе влезе со приложување личен документ.

Ова е само уште еден од серијата напади врз новинарите и попречување на вршење на нивната должност, пред неколку дена новинарката на Алфа, Анастасија Илиевска, беше избркана додека правеше интервју со родители на мало девојче кое е дијабетичар.