
Навивачите на Левски кои вечерва ќе присустуваат на „Градски стадион“ на мечот Шкупи-Левски се заканија дека ќе ги запалат македонското и албанското знаме. Тие отворено на Фејсбук коментираат што ќе прават на мечот на кој се очекува да има инциденти.

Ние зедовме македонско и албанско знаме и ќе ги запалиме на стадионот-пишуваат на Фејсбук навивачите на Левски.
Тие ќе бидат сместени на Јужната трибина и ќе бидат физички одвоени од останатите навивачи. Бугарите имаат и препораки каде да се движат низ Скопје, но и покрај тоа тие најавија дека во 19 часот ќе дојдат пред споменикот на Цар Самоил на плоштадот „Македонија“.
Според бугарските медиуми, кон македонската престолнина ќе дојдат највоинствените навивачи на гигантот од нашиот источен сосед, што е причина за зголемена готовност кај македонската полиција. Знаејќи си ги своите навивачи, луѓето од управата на Левски дури објавија предупредување до нив да не носат ладно оружје во Скопје (се мисли на ножеви), бидејќи Македонците ќе им ги земат, а потоа и казнат според законите.
„Кога ќе ја минувате границата со Македонија, бидете подготвени на детални претреси од нивната полиција, што значи дека секое носење ладно оружје и пиротехника ќе носи ризик да бидете фатени и казнети. Според македонските закони, носењето на такво оружје носи сериозни санкции“, се вели меѓу другото во опомената до навивачите на Левски.




