Новинарот Бранко Героски, со објава на Фејсбук го поздравува однесувањето на министерот Крешник Бектеши кој вчера на прес конференција не само што се одважи да изговори „Република Македонија“ туку ѝ одржа „мала лекција“ на новинарка која го искара зошто не го користел уставното име, она на „с“ , на земјава.
Да потсетиме, новинарка му дофрли на министерот дека зборува за непостоечка држава. „Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња“ реагираше новинарката Александра Дуковска која го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата.
На тоа тој ѝ одговори дека знае.
,,Ау какво лудило”, новинарка го искара Бектеши што рекол Република Македонија без северна (ВИДЕО)
„Му честитам на министерот Крешник Бектеши, кој се охрабрил да зборува нормално и слободно, во опкружување кое, спротивно на здравиот разум, ја форсира употребата на целото и на скратеното официјално (службено) име на нашата земја во секоја можна прилика“, пишува Героски во објавата која ја пренесуваме во целост.







