„Замисли влагаш у Тинекс и им викаш ја сум од Слупчане, сметкава макс. 3 иљадарки ке ја куцаш, разбра„?



Ова е една од бројните реакции на социјалните мрежи на вчерашната нова блокаа на жителите на село Слупчане кои не им дозволуваат влез на екопи на ЕВН за да постават струјомери.

Најмногу 3.000 денари да плаќаат за струја, другото за џабе, бараат жителите на Слупчане

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, а џамиите да не плаќаат струја.