Воопшто не се водело сметка за контролата на прибирањето на личните податоци, вели во интервју за Република.мк , Билјана Ивановска претседател на Антикорупциска.
Ивановска вели дека Антикорупциска побарала Агенцијата за заштита на личните податоци да направи вонредна супервизија во Управата за матични книги и дошле до сериозни наоди. Податоците се чувале на сервери, не се знае кој имал пристап, просторијата каде што се вршело скенирање не била обезбедена ниту пак лицата што вршеле скенирање немале придружба од овластено лице од Управата за матични книги.
Тоа создава сомнеж дека се работело незаконски, што е факт, не се почитувале законите за заштита на лични податоци ниту пак совесно од страна на раководството и службите во Управата за матични книги за што е покрената иницијатива за кривично гонење.
Според неа станува збор за неколку милиони документи.
– Па да, тие што биле предмет на обработка. Точната бројка не можам да ја кажам, но се работи за милиони затоа што предмет на набавката било обработка на личните податоци, скенирање за да може тие да се дигитализираат. За оваа операција направени се две јавни набавки. Првата набавка била оспорена од финансиската полиција дека има некакви фаворизирачки елементи во тендерот и дала кривична пријава во јавното обвинителство кое неодамна ја отфрли, изјави Ивановска
Ивановска ги коментира зборовите на министерот Спасовски дека немало масовна злоупотреба.
Злоупотреба е злоупотреба.Никој не може да докаже во какви размери е злоупотребата поради тоа што нема заштита. Ако немало заштита можело да отиде и едно и стоиедно. Никој не може да каже за колкав број на податоци станува збор ниту каде завршиле, освен кои лица работеле. Фирмата што била избрана во првиот тендер се тргнала и втора фирмата фирма ги користела истите експерит и стручни лица од првата фирма да работат кај неа. Фирмата е домашна но има некое здружение и сопственикот се јавува како основач, како управувач, соптвеник на повеќе трговски друштва низ регионот, рече Ивановска.

Извор : https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ne-se-znae-kade-zavrshile-milioni-lichni-podatotsi-na-graganite/





