Екипи на ЕВН и денеска не можеа да влезат во Слупчане, спречени од жителите на селото, кои имаат нова лепеза барања до фирмата која дистрибуира електрична енергија.
ЕВН и на медиумите им ги испрати барањата на жителите на ова село:
Тие бараат, да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра,
да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари,
верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања…
Според ЕВН, овие барања се спротивни на законските регулативи.
„Пред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.
Загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто, велат од ЕВН.







