Пентагон: Уште 400 милиони долари воена помош за Украина

САД обезбедуваат уште еден пакет воена помош во вредност од 400 милиони долари за Украина, кој вклучува муниција и оклопни возила, објави Пентагон.



„Помошта во вредност од 400 милиони долари објавена денеска вклучува дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, артилериска муниција, оклопни возила и противтенковско оружје“, се вели во соопштението за печатот на американското Министерство за одбрана.

Од Пентагон прецизираат дека во овој случај не станува збор за нарачка на ново оружје за Украина, туку за испраќање на оружјето што е веќе достапно во американските воени магацини.

Според податоците на Пентагон, од февруари 2022 година, Соединетите Држави и обезбедиле на Украина воена помош во вредност од 43 милијарди долари.