Покрај капите, шаловите и очилата за сонце, популарен летен производ кој може да се забележи на кинеското крајбрежје е бикинито за лице, објави „Гардијан“.



Заштитата од сонце и светлиот тен се многу важни во азиската култура. Од Индија до Јапонија, лесно може да се најдат производи за избелување на кожата, илјадници различни креми за сончање, сенки со УВ заштита, капи со вградени вентилатори.

Покрај споменатите препарати, вниманието на остатокот од светот го привлече и интересен моден елемент кој го штити лицето од изгореници.

Станува збор за „фацекини“, односно бикини наменето за лице.

„Фејскини“ ја покрива целата глава и врат, но има исечоци за очите, носот и устата. Многумина се одлучуваат за ова необично модно парче за да се заштитат од силните горештини во Пекинг и другите региони.

„Фејскини“ чини околу пет евра, а може да се најде на тезги во близина на плажата.
„Мојата главна грижа е да не развијам кожни болести или дамки од сонце“, објасни студентот Ли Сујан за „Гардијан“.