Индепендент: Кучето на Бајден каснало 7 агенти во Белата куќа

Германскиот овчар на претседателот Џо Бајден, со име Командир, каснал седум вработени во Белата куќа за четири месеци минатата година.



Според „Индипендент“, ова е веќе втор миленик на Бајден, кој демонстрирал агресивно однесување.
Претходното куче, Мајџор, беше вратено во 2021 година по неколку инциденти кога каснало агенти на Тајната служба.

Извештајот за агресивното однесување на миленикот на претседателот доаѓа од внатрешните извештаи на Тајната служба до кои дојде Њујорк Пост.

Поточно, на 3 ноември, агент на Тајната служба бил испратен во болница откако куче го каснало за раката и бутот. Вториот инцидент се случи на 10 ноември, кога кучето наводно каснало вработен за бутот додека се шетал со првата дама Џил Бајден во паркот Кенеди.

Неколку дена подоцна, друг офицер рече дека морал да се одбрани од животното со столица.

Неколку недели подоцна, агресивниот Командир ја откинал кожата од раката на друг агент на Тајната служба. Еден месец подоцна, кучето каснало техничар на Тајната служба во претседателската резиденција во Вилмингтон, Делавер.

Според инспекторот на Тајната служба, речиси секој функционер на Белата куќа спомнал конкретни инциденти поврзани со кучето.