
Вечер.мк неофицијално дознава дека сестрата на Теута Арифи, екс-министерка и екс-градоначалничка на Тетово која беше и одбиена за амбасадорка во Вашингтон, госпоѓа Беса Арифи е предложена од министерството за правда и од Владата за шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО, работно тело за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбург. Информацијата се уште не е потврдена од надлежните.
Арифи досега беше дел и од работната група која беше формирана да ги напише уставните амандмани за уставните измени кои денеска се најдоа во Собранието.
Според информациите претходно Ана Павловска Данева која беше и поранешна пратеничка од СДС, но во последно време критичар на власта, си поднела оставка – пишува порталот.
Линк до оргиналната вест:





